Search

Федерер: Имам за што да жалам

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер одигра одличен меч против Србинот Новак Ѓоковиќ, но нијанси го делеа од победата и пласманот во финалето на Мастерсот во Париз.

– Играв добро и секако имам за што да жалам. Кога ќе изгубите на ваков начин, вака тесно, нормално е да сте разочаран. Во секој случај одиграв добар турнир. Вредеше да се дојде во Париз, изјави Федерер.

Ветеранот не соопшти дали ова беше негов последен Мастерс во францускиот главен град.

– За тоа дали повторно ќе играм на овој турнир ќе одлучам на крајот на идната година, кажа 37-годишниот швајцарски тенисер.

Треба да знаете
Последни објави