Search

Федерер го откажа учеството на турнирот во Штутгарт

 Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер одби да учествува на турнирот во Штутгарт. Оваа одлука беше донесена поради густиот распоред.

 

-Нема да играм на турнирот во Штутгарт. Ми се чини дека минатата сезона имав премногу тенис на трева. Сметам дека е неопходно да се ограничам на подготовката за настапите во Хале, изјави ветеранот.

Триесет и седумгодишниот Федерер е актуелен победник на турнирот во Штутгарт.

Турнирот во Штутгарт ќе се игра од 10 – 16 јуни, а потоа следува обој во Хале од 17 – 23 јуни.

Треба да знаете
Последни објави