Search

Федерер: Бев просечен ученик

Роџер Федерер преку својата Фондација посветува големо внимание на децата и на образованието и младите. Неодамна во Кејп Таун одигра егзибициски меч со Рафаел Надал и целиот приход беше наменет за таа цел.

Федерер има освоено  рекордни 20 гренд слем трофеи. Тој до 14-годишна возраст посетуваше настава во родниот Базел по што направи трансфер во националната развојна програма на Тенискиот сојуз на Швајцарија.
Деветолетка заврши на 16-годишна возраст, целосно се фокусира на тенисот и не заврши факултет.

– Од секогаш сакав да направам нешто за децата. Се решив за образование, што е најважна работа во животот, се разбира, со здравјето. Каков ученик бев? – Би рекол просечен, но секогаш се трудев на мој начин. Понекогаш ме заморуваа седењата и предавањата, па мораа да користат разни мотивациски трикови да го задржат моето внимание”, истакна меѓу другото Федерер.

Треба да знаете
Последни објави