Search

Федералните резерви на САД го зголемија арсеналот инструменти за спас на економијата од рецесија

Федералните резерви на САД (Фед) ќе им дозволат на странските централни банки кои поседуваат американски хартии од вредност да ги заменат за кеш во долари, како начин да се задоволи огромната побарувачка по оваа девиза предизвикана од несигурноста околу ширењето на пандемијата на коронавирус.

Инструментот, Фед планираат да го воведат на 6 април, се нарекува договор за повторно купување за странските и меѓународните фискални власти или “ФИМА репо инструмент”, што им дозволува на странските централни банки наместо американските хартии од вредност да ги продаваат по намалени цени, тие да можат да ги разменат за долари.

Федералните резерви веќе отворија линии за размена на долари со 14 странски централи банки за да се задоволи побарувачката по оваа девиза, која инвеститорите, централните банки и физичките лица ја сметаат за најсигурна во време на очекувана рецесија на светската економија, како резултат на беснеењето на коронавирусот во повеќе западни земји.

Од Фед велат дека новиот „ФИМА репо инструмент ќе придонесе за нормална работа на финансиските пазари.. и со тоа одржи снабдувањето со кредити на бизнисите и домаќинствата во САД”.

Оваа алатка е една од повеќето мерки што американските власти веќе ги воведија за намалување на последиците од очекуваната рецесијата, како каматни стапки од нула посто, неповратни заеми за заштита на ликвидноста на малите бизниси, и други финансиски инструменти за помош на големите комерцијалните бизниси во САД.

Треба да знаете
Последни објави