Search

ФДМ: Во чие име преговара премиерот?

Форумот за демократска Македонија се приклучува кон критиките и бара извинување пред македонската јвност и објаснувања за анахроните изјави на Премиерот дадени во интервјуто за Бгнес.

„Врз основа на кои историски факти е изјавата за општа историја со Бугарија и лошoто влијание на Југославија во меѓусебното пријателство? Дали Премиерот со оваа изјава ја ревидира нашата најголема историска борба, ги сквернави спомените на нашите предци и го руши асномскиот темел на македонскиот народ и држава? Ние и ден денешен имаме живи жртви и сведоци на злосторствата од ‘бугарската администрација’. Врз основа на кој член од договорот се елиминирани некои од таблите и спомениците кои сведочат за антифашистичката борба и жртвите од “бугарските администратори”кои заслужуваат да бидат прогласени за историско и културно наследство“, се вели во соопштението.

ФДМ прашува врз основа на кој член од уставот би се донел закон за казнување на говор на омраза против странски народи и држави? Дали овој закон е дел од договорот и дали е со реципроцитет?

„Врз основа на кој член од договорот е изјавата дека немаме побарувања за малцинствата и “малцински” претензии. Дали се откажуваме од нив и кој е нивниот статус? Откажувањето од малцинствата е анти ЕУ.Влезот во ЕУ има смисла само ако преку реформи се подобри квалитетот на животот на македонските граѓани, и за таа цел нема потреба да докажуваме дали постоиме или не. Затоа го повикуваме Премиерот отворено и транспарентно, на чист литературен македонски јазик како што е обврзан според закон, да дообјасни со кои историчари се советувал за изјавите дадени во интервјуто, што е договорено со Бугарија и која е цената што треба да се плати за влез во ЕУ.Исто така, му даваме историска шанса во најмала рака да му се извини на сопствениот народ доколку во било кој дел од овој процес увидел дека згрешил и да си поднесе оставка“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави