Search

ФБИ трага по вооружена тинејџерка опседната со масакр во средно училиште пред 20 години

Најмалку 20 училишта се затворени на подрачјето на Денвер бидејќи полицијата трага по вооружена жена која, како што се наведува, е опседната со масакрот во средното училиште „Колумбин“.

Полицијата соопшти дека се работи за Сол Пејс (18), за која на „Фејсбук“ објавиле дека е вооружена и многу опасна, како и дека не е закана само по одредени училишта или одредено лице.
Полицијата ги замоли граѓаните доколку ја видат оваа девојка, да се јават во ФБИ, но никако да не ѝ приоѓаат.

На денешен ден во 1999 годин, Ерик Харис и Дилан Клеболд убија 13 ученици во средното училиште „Колумбин“.

Треба да знаете
Последни објави