Search

ФБИ со полни раце работа откако Ковид-19 нагло ја зголеми побарувачката на оружје

ФБИ минатиот месец спровелo досега невиден број проверки, најголем од воведувањето на системот во 1998 година, на досиеја на граѓани кои купиле огнено оружје, пренесува „Њузвик“.

Бирото обработило околу 3,7 милиони барања од официјални продавачи на огнено оружје, што претставува зголемување од 33 отсто од февруари и 13 отсто во однос на претходниот рекорд поставен во декември 2015 година.

Според инсајдери од индустријата, порастот во продажбата веројатно е предизвикан од стравувањата од социјални немири во услови на тековната здравствена криза со новиот коронавирус во САД.

На пример, приходот на веб-страницата за продажба на оружје Ammo.com се зголемил за 729 отсто за 39 дена, заклучно со 31 март, во однос на продажбата забележана во истиот период до крајот на февруари.

Сопственикот на калифорниската фирма за продажба на оружје„ Бурбенк емо енд ганс“, Дејвид Шварц, вели дека вработените во продавницата дури и престанале да одговараат на барањата преку интернет поради зголемената побарувачка бидејќи веќе работат по 12 часа, седум дена во неделата, само за да ги услужат клиентите во физичките продавници.

Калифорнија претставува жариште на зголемената побарувачка за оружје, при што ФБИ минатиот месец спровело 72 отсто повеќе проверки отколку во февруари. Претходно, истиот извор посочи дека многу од скорешните купувачи прв пат купуваат оружје.

Треба да знаете
Последни објави