Search

Фајон: Ја повикуваме цела Србија да се вклучи во изборниот процес

Пратеничката на Европскиот парламент и шефицата на делегацијата на ЕП за соработка со официјален Белград Тања Фајон повторно ги повика сите политички сили и граѓаните на Србија да се вклучат во изборниот процес. На тој начин, како што изјави таа за Радио Слободна Европа, ќе се обезбеди најголема можна застапеност и промоција на разни идеји и придонеси, што го зајакнуваат плурализмот и демократијата, а кои треба да бидат главните цели што ќе да ги следат властите.

Говорејќи за датумот на изборите, Фајон изјави дека не се очекува од неа да се даде некаков предлог, но дека, со оглед на моменталната состојба, здравјето на граѓаните треба да биде приоритет на секоја влада.

Кога станува збор за набудувачката мисија за време на изборите, Фајон истакна дека се уште се проверуваат можностите во кој формат би можеле да бидат распоредени од меѓународната мисија за набудување и кога.

– Во моментов, јас немам јасен одговор на тоа прашање, но Србија се обврза во нашиот дијалог да овозможи мониторинг на изборите, така што се надевам дека меѓународните набудувачи ќе бидат присутни до оној степен што сите го сакавме, изјави Фајон.

Таа, исто така, верува дека сите партии во Србија, и владата и опозицијата, треба да се почитуваат едни со други, односно да одржат одредено ниво на пристојност во политичкото однесување и комуникација.

Фајон додава дека дека улогата на медиумите е поважна сега од кога и да било претходно, пред се поради ограничувањето на нормалните услови за спроведување на изборната кампања поради последиците од пандемијата и дека владините и опозицските актери треба да бидат подеднакво застапени во нив.

Коментирајќи го неодамнешниот извештај на Фридом Хаус, Фајон истакна дека тој треба да се сфати многу сериозно и оти на Србија и се потребни драстични промени и силна политичка волја за промена на сегашната состојба.

– Слободата на медиумите во најширока смисла оди заедно со демократијата, што сè уште е огромен проблем во земјата. Србија ќе мора да ја преиспита својата политичка стратегија за да го смени сегашниот статус на хибриден систем, изјави Фајон.

Според Фајон, неколку причини доведоа до пад на Србија во хибриден режим, а пред се, пад на демократско претставување и донесување одлуки во Националното собрание, корупцијата, отсуство на човекови права и владеење на правото.

Треба да знаете
Последни објави