Search

Фајон побара оставка од Јанша

Потресите на словенечката политичка сцена не стивнуваат откако беше приведен, па пуштен,  министерот за економија и вицепремиер Здравко Покавалец, оставка поднесе министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Покавалец му беше прв коалициски партнер на премиерот Јанез Јанша. По овој скандал предизвикан со набавката на медицинската опрема во екот на пандемијата со коронавирусот се огласи опозицијата која побара распишување на предвремени избори или пак гласање доверба на владата предводена од Јанша.

-Наместо владата да се занимава со проблемите на луѓето, сите ние треба да се справиме со криминални работи што ги достигнуваат нејзините врвови, се вели во соопштението на Тања Фајон, новиот претседател на словенечките социјалдемократи.

За Фајон оставката на министерот за внатрешни работи Хојс не е доволна за да се премине преку аферата со медицинска опрема. таа смета дека целата влада треба да си даде оставка затоа што веќе нема морален легитимитет.

-Го повикувам Јанша да си даде оставка и да даде можност за нова влада која веднаш ќе започне со работа и ќе добие доверба кај луѓето, наведува Фајон.

Според словенечките медиуми, некои други лидери на опозицијата исто така веруваат дека владата го изгубила целиот легитимитет заради измамата при набавка на медицинска опрема за ковида-19.

Треба да знаете
Последни објави