Search

Фајон: Косово е последната црна дамка на мапата на визната либерализација на Западен Балкан

Европскиот парламент ја потврди поддршката за визната либерализација за жителите на Косово, но прашањето сега е во рацете на Советот на министри на Европската унија, поради загриженоста на некои членки на ЕУ, предизвикана од нелегалната миграција и недостигот на резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата, објави „Коха Диторе”.

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон, истакна дека Косово останува последната црна дамка на мапата на визната либерализација на Западен Балкан.

-Прашав зошто Советот на ЕУ и владите на членките не го исполнија ветувањето? Европа губи кредибилитет, а граѓаните на Косово губат надеж, рече Фајон.

Европскиот комесар за миграции и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос оцени дека Косово заслужува визна либерализација, пренесува Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави