Search

Фајон – Билчик: Српските власти ги немаат исполнето повеќето обврски за одржување на изборите

Шефицата на Делегацијата во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација на ЕУ-Србија, Тања Фајон и известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, оценија денес дека анализите што ги имаат спроведено по двете рунди на дијалогот за подобрување на изборните услови во Србија покажале дека е постигнат напредок, но дека повеќето од обврските, над 60 проценти, не се исполнети, или се само делумно исполнети.

– Јасно е дека што е можно поскоро мора да се преземат значајни чекори, особено во областа на слободата на медиумите и улогата на јавните услуги, порачаа Фајон и Билчик во авторскиот текст за весникот „Блиц”.

Тие оценија дека не останува уште многу време пред изборната кампања да се подобрат изборните услови со примена на сите обврски и дека тие би предложиле да се разгледа временската рамка за изборите со целосно почитување на Уставот и законот, што би овозможило исполнување на сите предизборни обврски, а сите актери да имаат доверба во изборната рамка.

Тие исто така рекоа дека опозицијата, која ги бојкотира изборите, нејзиното вклучувањето во политичкиот и во изборниот процес е единствениот начин да им овозможи на своите приврзаници да се претстават.

Во авторскиот текст се наведува дека досега е постигнат консензус во некои области кои се идентификувани како најважни и дека сега од клучно значење е сите обврски да се спроведат на таков начин со кој граѓаните ќе бидат сигурни дека ќе се постигнат реални подобрувања и промени.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Тања Фајон вчера во Брисел, на тракалезната маса посветена на изборните услови во Србија, на која беа присутни и преставници на српската опозиција, оцени дека „Србија е во состојба на политичка криза во деликатен момент пред парламентарните избори…со високо ниво на кршење на демократијата и на медиумските слободи.”

Како што е претходно најавено, денеска и утре во Белград престојува Делегација на ЕП предводена од Фајон, Билчик и Кнут Флекенштајн на третата рунда од дијалог меѓу власта и опозицијата за изборите услови.

Според досегашните изјави на опозицијата, покрај овозможувањето на фер услови, тие бараат и поместување на изборите од пролет на зима следната година, за да може да се примени евентуалниот договор околу изборните услови и нивно учество на изборите.

Треба да знаете
Последни објави