Search

„Фајнал 4″ на СЕХА од 4 до 6 септември во Задар

Деветтото издание на „Фајнал 4″ на СЕХА – Гаспром лига ќе се одржи во хрватски Задар, од 4 до 6 септември 2020 година. СЦ Вишњик ќе биде домаќин на најдобрите четири екипи. Настанот ќе се одржи според сите епидемиолошки упатства и мерки.

Како увертира пред „Ф4″, ќе се одиграат два преостанати четвртфинални натпревари. Првиот натпревар Телеком Веспрем и Војводина ќе го одиграат во вторник, 25 август, додека вториот натпревар помеѓу Вардар и Нексе ќе се одигра во сабота, 29 август.

Првите две места на „Ф4″ веќе ги обезбедија ППД Загреб и Мешков Брест.

Дополнителни информации во врска со распоредот на натпреварите ќе бидат објавени наскоро.

Треба да знаете
Последни објави