Search

Фаучи: Првите вакцини против Ковид-19 кон крајот на декември или почетокот на јануари

Ако сè оди како што треба, првите дози на безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19 ќе бидат достапни за ризичните групи во САД кон крајот на декември или евентуално на почетокот на јануари, соопшти денеска Ентони Фаучи, водечки американски имунолог.

Врз основа на проекции на големите компании Модерна и Фајзер, Американците „во одреден момент во декември ќе знаат дали има ефективна вакцина или не“, додаде Фаучи.

– Првиот увид во вакцината треба, се надевам, да го имаме во следните неколку недели, рече тој.

Модерна и Фајзер во јули ја почнаа последната фаза на клиничкото тестирање и во неа учествуваа десетици илјади луѓе.

Претставници на Модерна денеска соопштија дека се на добар пат да дадат прелиминарни податоци за последната фаза на тестирање на вакцините веќе следниот месец. Фајзер, кој требаше да ги објави прелиминарните податоци за тестирањата во октомври, нема да може да ги објави пред ноември, а тоа најверојатно ќе се случи кога ќе завршат претседателските избори на 3 ноември.

Податоците прво ќе бидат проверени од Агенцијата за храна и лекови, како и Центарот за контрола и превенција на болести и ќе дадат препорака кој би можел да ја произведе првата доза на вакцини за поширока употреба.

Треба да знаете
Последни објави