Search

Фати го постигна 9.000. гол во историјата на Барселона

Барселона во натпреварот од 34. коло во шпанската Ла Лига го победи Виљареал со 4:1 и стигна до 9.000-от гол во својата историја. Стрелец на овој 9.000 гол беше 17-годишниот напаѓач Ансуман Фати.

Фудбалерот има седум голови и една асистенција на 29 натпревари од тековната сезона. „Transfermarkt” ја проценува неговата вредност на 36 милиони евра.

Барселона со 73 бода го зазема второто место на табелата со четири бода заостанување зад водечкиот Реал Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави