Search

Фатен шверцерот, мигрантите избегале

На 27.06.2020 во 19.45 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициска станица Сопот го привеле Ф.Ш.(36) од Штип, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“. Имено, при обид да застанат патничко возило „ауди А6“, со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот.

По кратко време Ф.Ш. бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано „Чифлик“, биле забележани 10 лица-мигранти. Од нив седум избегале, а задржани биле М.Џ.(23) од Бангладеш, А.А.(30) од Јемен и М.А.(29) од Сирија, кои потоа се сместени во Транзитен центар Табановце, додека Ф.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Од МВР информираат и дека на 28.06.2020 околу 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Свети Николе од полициски службеници од Полициска станица Штип, по претходно добиено известување, биле пронајдени девет лица-мигранти од Сирија.

За настанот е известен Јавен обвинител и по негова наредба лицата- мигранти се пренесени во ПТЦ „Винојуг“ Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави