Search

Фатени тројца разбојници – нападнале скопјанец и му украле златен накит

Вчера околу 23:15 часот на булеварот Јане Сандански во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(23) од Палиград – Зелениково и двајца малолетници, поради тоа што претходно, на улицата Симеон Кавракиров физички го нападнале С.С. и му одзеле златен накит. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави