Search

Фатени тројца бегалци од затвор

Тројца бегалци од затвор биле уапсени вчера во Гостивар, на граничниот премин Јажинце и на аеродромот во Скопје.

Како што информира МВР, полицајци од ПС Гостивар вчера околу 13 часот, го уапсиле Ф.Р.(47) од гостиварското село Речане, кој се барал од ноември 2018 година поради бегство од затвор, а била распишана потерница од затворорт „Идризово”. По апсењето осуденикот бил спроведени во затворот „Идризово” за доиздржување на затворската казна.

Истиот ден на ГП Јажинце бил уапсен Л.А.(28) од Тетово. Полицајците  утврдиле дека тој се барал со наредба од Основниот суд Тетово за спроведување во затворот во Тетово.

При пасошка контрола на граничниот премин Аеродром „Скопје” вчера во 20 часот било констатирано дека С.Х.(34) од Скопје се наоѓа на листата со мерка- апси. С.Х. бил привден и и спроведен во ПС Бит Пазар за понатамошна постапка.

 

Треба да знаете
Последни објави