Search

„Фармацевтите“ го разочараа Мојсов

Екипата на македонскиот ракометен дебитант во СЕХА-лигата, Еурофарм Работник од Битола во 9. натпревар од групата Б во регионалното натпреаврување доживеа убедлив пораз од 11 разлика (35:24) на гостувањето кај унгарскиот Веспрем. Македонскиот вицешампион кој го изнеанди Веспрем во Битола во првата пресметка, сега плати со камата. Битолскиот состав „мелен“ во сите 60 минута, па тренерот Божидар Мојсов на крајот не го криеше своето незадоволство од залагањето и играта на играчите.
-Честитки до Веспрем за прикажаното. Јас сум разочаран од односот на моите играчи. Одигравме под нивото. Од друга страна беше убаво да се игра во оваа арена и пред оваа публика. Му посакувам многу среќа на Веспрем во иднина -истакна Мојсов.
Следната средба за Еурофарм Работник е в недела на гостински терен кај рускиот претставник Спартак Москва. Битолчани по девет одиграни кола се четвртопалсирани во групата со девет бода, а Спартак Москава е последнопласиран со три.

Треба да знаете
Последни објави