Search

„Фармацевтите“ бараат рецепт како да го изненадат РНЛ

Македонскиот претставник во ракометната Лига Европа, битолски Еурофарм Пелистер вечерва во „САП Арена“ во Манхајм  (20.45 ч.) ќе го одигра третиот натпревар од групата со фаворитот Рајн Некар Левен. Битолчани се аутсајдери, па затоа без никакви притисоци ќе можат да одиграат најдобро што знаат и умеат и ќе се обидат да го изненадат поранешниот германски првак.

Тренерот Жељко Бабиќ реши со едно лево крило да му се спротистави на РНЛ, па во ростерот не е Бојан Маџовски, а не отпатуваа ниту Ненад Костески и Елмир Граџан.

Кај домашниот тим недостигаат десното крило Патрик Грецки, пикерот Рафаел Баена, десниот бек Александер Петерсон, како и повредените голмани Андреас Паличка и Микаел Апелгрен, но се враќаат пикерите Јаник Колбахер и Јеспер Нилсен.

 

Треба да знаете
Последни објави