Search

Фан се опседнал со Нина Бадриќ па ја следел и вознемирувал насекаде

Хрватската sвезда Нина Бадриќ и се случувала вистинска драма како на холивудските филмови кога еден од нејзините обожаватели со денови ја прогонувал пред станот во кој живее во Загреб, поради што морала да се обрати и до полицијата за заштита.

Човекот кој се претставувал како нејзин фан, сакал да има поблиска врска со пејачката, но не застанал само тука, туку се појавил во Јелса на островот Хвар, каде Нина купи имот пред неколку години. Случајност или не демначот имал стан во близина на нејзиниот стан во Загреб, па не е ни чудно како толку лесно ја пронашол, објави „Слободна Далмација“.

Бидејќи не сакала да има ништо со него, а постојано била малт*етирана од страна на „фанот“, според споменатите медиуми, морала да контактира со полицијата.

Целиот случај најпрво завршил во Сплитското државно обвинителство, но подоцна сè било пренесено во истото обвинителство во Загреб, бидејќи човекот има живеалиште таму.

Согласно член 98 од Законот за кривична постапка, судот и државниот обвинител му изрекоа мерки на претпазливост за забрана да и пријде на Нина Бадриќ, како и забрана за демнење и вознемирување.

Според „Јутарњи.хр“, ова не е првпат Нина Бадриќ да биде жртва на демнење.

Организаторите на свечениот божиќен концерт во Бјеловар во 2012 година, повикале полиција откако забележале обожавател кој ја следел повеќе од една година. Истото се случи и во Сплит, кога еден од фановите се обидел да влезе во местото на настанот и да помине низ обезбедувањето.

Наскоро се покажа дека тој е човек од Ужице, Србија. Каде и да се појавела, тој бил таму, од концерти до вечерни настани, дури и како последниот, стигнал до Хвар и ја прогонувал пејачката на плажа.

Треба да знаете
Последни објави