Search

Фановите на Фиорентина му се заканија на Влаховиќ: Готов си, обезбедувањето нема да те спаси

Прашање на денот е кога Душан Влаховиќ ќе ја официјализира соработката со Јувентус. „Газета дело Спорт“, тврди дека, трансферот ќе изнесува 67.000.000 евра, од оваа сума 2.000.000 евра ќе добие поранешниот тим на Влаховиќ, Партизан.

Напаѓачот ќе потпише петгодишен договор, по сезона ќе заработува 7.000.000 евра.

Навивачите на Фиорентина не можат да се помират со фактот дека уште еден играч на клубот ќе заврши во редовите на омразениот ривал. Пред стадинот „Артемио Франки“, навивачите на Фиорентина, поставија транспаренти со заканувачки пораки.

„Обезбедувањето нема да ти помогне. Готов си“, а на вториот пишува: „Влаховиќ го..о едно“.

Треба да знаете
Последни објави