Search

Фановите на Селена Гомез мислат дека Џастин Бибер бил на соло патување заради неа

Уште еден ден, уште еден настан што се надоврзува на бескрајната, исполнета со драма временска рамка во која се наоѓа љубовниот триаголник Селена Гомез, Џастин Бибер и Хејли Болдвин.

„Веројатно досега сте ја слушнале новата песна на Селена „ Lose You to Love Me“ која легитимно ги натера сите на Интернет, ако не и цел свет да се прашуваат: зошто? откако на сите им стана јасно дека Џастин брзо ја заборави Селена и продолжи со Хајли,“ пишува авторот на текстот во Космополитен.

„Иако можеби мислите дека дел од гневот на Селена заради ова веќе спласнува (поминаа две седмици од објавувањето на песната), изгледа дека не е така.  Фановите на Селена се уште се прилично огорчени од начинот на кој Џастин ја третираше Селена и ја користат неговата неодамна постирана слика на Инстаграм за да го потсетат по милионити пат дека да, „те изгубив за да ме сакаш“ постои, а исто така да, песната е целосно за него.“

На Инстаграм, Џастин постираше слики од неговото скорешно патување на кое отиде целосно соло. „Отидов сам, за да се молам, да размислувам, време е да се вратам на вифи,“ напиша Џастин.

Треба да знаете
Последни објави