Search

Фановите на Барса не го сакаат Гризман

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, верува дека навивачите на каталонците се против трансферот на француската ѕвезда на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман.

Како што е познато, вчера „јорганџиите” официјално објавија дека се разделуваат со фудбалерот, додека шпанските шампиони се главните фаворити за потписот на играчот.

– Мислам дека повеќето навивачи на Барселона се противат на трансферот на Гризман, вклучително и поради неговата висока вредност, а има и други добри играчи кои можат да играат на исто ниво. Сепак, ако трансферот се случи, тогаш сите навивачи ќе го поддржат на ист начин како и со сите други играчи кои пристигнуваат во Барселона, рече Лапорта.

Треба да знаете
Последни објави