Search

Фановите во неверување: Анџелина Џоли е фотографирана додека продава храна во парк, а покрај неа биле и децата

Анџелина Џоли е фотографирана во парк во Лос Анџелес како продава храна за кучиња, а нејзината колешка ја споделила оваа фотографија на социјалните мрежи.

Иако Сара Рамос не била пресреќна што ѝ ја нарушила интимата на познатата актерка, сепак на својот Инстаграм објавила фотографија од Анџелина со своите три деца – близнаците Нокс и Вивијен, како и Шајло.

Сите заедно продавале храна за кучиња, а парите биле наменети за здружението кое се грижи за вдомување на напуштени кучиња.

„Не знам зошто Бог ме избра мене да ја раскажам оваа приказна, но пред неколку месеци отидов во паркот за кучиња и ја видов Анџелина Џоли како продава органска кучешка храна“, напишала младата актерка на Инстаграм профилот, пред два дена.

Треба да знаете
Последни објави