Search

Фановитете го чекаа Ѓоковиќ пред аеродромот во Белград, но тој не се појави

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ слета на аеродромот во Белград нешто по 12 часот и се врати дома по 11 дена минати во Австралија каде се надеваше дека ќе настапи на Австралија опен, но на крајот по неколку судски рочишта беше депортиран од таа земја.

Додека Австралијците ја славеа неговата депортација, во Србија беа згрозени од чинот на австралиската влада.

Навивачите решија да му дадат поддршка на Ѓоковиќ пред аеродромот во Белград, каде масовно го чекаа повеќе од еден час, но српскиот тенисер не се појави пред фановите.

Тој претходно изјави дека нема да ја коментира целата ситуација додека не заврши Австралија Опен, но навивачите и собраните новинари се надеваа дека тој барем ќе дојде да ги поздрави и да им се заблагодари за поддршката, но тоа не се случи. Според некои информации, Ѓоковиќ отишол во својот стан во Нов Белград, а потоа планира да отпатува за Марбела, Шпанија, каде ќе оди на одмор со семејството.

Тоа го потврди и неговата мајка, која вели дека Новак ќе помине уште неколку дена во родниот град и дека за тоа време нема да дава изјави.

Треба да знаете
Последни објави