Search

Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството 11 години се спроведуваа, зарем тие најдоа да зборуваат на оваа тема?

Соопштение за јавност од СДСМ – реакција на изјавата на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на непотизмот и партизацијата на институциите, особено во судството и нема никаков кредибилитет да зборува на оваа тема.
Да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ на дел од бројните случаи на непотизам.
Екс министерот за правда Михајло Маневски кој и денес е дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговата сопруга направија најголема “фамилијаризација” на правосудните институции. Олгица Павловска –судиката во Основниот суд –Штип, е прва братучетка на Филимена Маневска, сопругата на Михајло Маневски.
Јово Вангеловски, кум на Трајко Вељановски, претседател на Собранието на РСМ , беше избран за претседател на Врховен суд.
Маја Маркова-Котевска,сопругата на Иво Котевски, портпарол на МВР е судија во Основен суд Скопје 2, ќерка на Љубинка Муратовска поранешен член на Врховен суд и актуелен член на Антикорупциската комисија  и сестра на Серјожа Марков, дежурен адвокат на фамилијата инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ е изворот на срамниот непотизам и партизација.
Покрај тоа што нема кредибилитет да зборува на темата , во јавноста шири и дезинформации и лаги. Потврда за тоа е наведувањето дека син на Игор Милев , кумашинче на Лиле Стефанова бил  вработен во СЈО. Лаги од овој тип веднаш се проверуваат и потврдуваат, Игор Милев нема син.
ВМРО-ДПМНЕ останува да биде заробена во матрицата на груевизмот, на лаги, измислици и вештачки креирани случаи.„

 

Треба да знаете
Последни објави