Search

Фалкао му се налути на раководството на Монако

Фудбалерот на  францускиот Монако, Радамел Фалкао не е задоволен од настапот на раководството на клубот во преговорите со Галатасарај за неговата преселба во Истанбул. Според „Л’екип”, Колумбиецот е лут што потпретседателот на Монако, Олег Петров не го задржал вербалниот договор постигнат на крајот на минатата сезона. Наводно, Петров ветил дека клубот ќе го пушти Фалкао да си замине ако добие понуда што му одговара.

Колумбиецот беше во можност да преговара за тригодишен договор со Галатасарај, но Петров рече дека Фалкао мора да го почитува неговиот договор со Монако. За потсетување, договорот на Колумбиецот со клубот од Кнежеството важи до летото 2020 година. Се очекува во многу скоро време Фалкао да се сретне со раководството на Монако за да разговараат за неговиот статус.

Треба да знаете
Последни објави