Search

Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Во рамки на 110. седница на Собранието на Република Северна Македонија, на 31 август 2019 година, за вицегувернер на Народната банка беше именуван Фадил Бајрами. Тој ја извршуваше оваа одговорна функција и во изминатиот период. Вчера, пред да започне неговиот нов вицегувернерски мандат, тој даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Народната банка изразува задоволство што Собранието на Република Северна Македонија, повторно со големо мнозинство, го поддржа предлогот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Треба да знаете
Последни објави