Search

Фабрици: Дијалогот Белград-Приштина зема замав, нема причина за одолговлекување

Како посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, ЕУ е подготвена да продолжи онолку брзо како што сакаат двете страни, вели амбасадорот на Европската унија во Србија, Сем Фабрици. Тој додава дека ЕУ јасно истакнала дека не гледа причина за одолговлекување.

Фабрици за „Блиц” истакна дека нема причина да се зборува за временски рокови или за вештачки рокови за дијалог. Сепак, како што рече, високиот претставник Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак и земјите-членки на ЕУ јасно ставија до знаење дека не гледаат причина за одолговлекување.

Прашан дали дијалогот меѓу Белград и Приштина е во полн ек, по третиот круг во Брисел, Фабрици ги повтори зборовите на Борел дека дијалогот „никогаш не е лесен” и дека може да каже „дека моментумот е добар”.

– Претседателот (Александар) Вучиќ и премиерот (Авдулах) Хоти постигнаа целосен напредок во однос на прашањата за исчезнати / раселени лица и економската соработка, така што тие можат да ги остават овие теми настрана и да се фокусираат на аранжманите за немнозинските заедници и да се решат меѓусебните финансиски побарувања, рече Фабрици.

Тој рече дека тие две нови прашања првпат беа отворени во Брисел во понеделникот, како дел од преговорите за сеопфатен и обврзувачки договор за нормализација на односите.

Фабрици нагласува дека овие прашања се многу чувствителни и дека тоа ќе се рефлектира во преговорите.

– Очекуваме следните рунди разговори да бидат уште потешки, рече Фабрици, додавајќи дека, сепак, двете страни се подготвени да се ангажираат во преговорите, што е позитивно.

Треба да знаете
Последни објави