Search

Фабрегас: Нема да заминам од Челзи во зима

Халфот на Челзи, Сеск Фабрегас во последниве месеци многу често се поврзува со заминување од „Стемфорд Бриџ”, откако се помалку игра за првиот тим.
Интересот за него доаѓа од италијанскиот гигант Милан. „Росонериите” се подготвени да започнат разговори со него во јануари, откако овој играч од средниот ред ќе биде слободен да преговара со тимови надвор од Англија.
Тој откри дека сепак нема намера да го напушти тимот од Лондон и ќе остане до крајот на договорот.
– Не сум разговарал со никого. Во јануари можам да потпишам преддоговор со тим по моја желба. За сега, сепак немам намера да си заминам во зима. Ќе останам во Челзи до крајот на сезоната. Тука сум, среќен сум, но како и секој фудбалер – и јас сакам да добијам повеќе време за играње, изјави Фабрегас.
Треба да знаете
Последни објави