Search

Фабрегас: Дојдов во Монако поради Анри…

Шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас пред неколку дена пристигна во Монако, а пред да се пресели во клубот од Кнежевството даде изјава поради која денес сите му се смеат.

Долго се шпекулираше каде Фабрегас би можел да ја продолжи својата кариера, а тој на крајот го избра Монако и тоа, како што вели, поради Тиери Анри.

„Една од главните причини поради кои што пристигнав тука е тоа што ми се јави Тиери Анри“, изјави Сеск Фабрегас на претставувањето.

Сепак, денес неговата изјава звучи прилично смешно затоа што непосредно откако тој потпиша за Монако, на Тиери Анри му беше врачен отказ.

Треба да знаете
Последни објави