Search

Фабињо: Не размислувам за заминување од Ливерпул

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Фабињо изјави дека не размислува за заминување од неговиот сегашен тим.

Дефанзивниот играч од средниот ред се приклучи на тимот од Мерсијад во текот на летото со трансфер од Монако, кој чинеше 40 милиони фунти. Англискиот 25-годишен фудбалер имаше слаб старт со црвениот дрес, но неговите минути на теренот за Ливерпул од неодамна се зголемија. Фабињо почна во последните шест натпревари од тимот на Премиер Лигата, но на Островот шпекулираат за интерес од Милан и Париз Сен Жермен. Бразилецот сепак категорично ги демантираше овие информации.

– Јас кажав неколку работи за печатот, но никогаш не сум рекол дека сакам да го напуштам Ливерпул. Ми треба мир, и јас се обидувам да го обезбедам во овој момент. Јас сум среќен во Ливерпул и нема причина да заминам, рече Бразилецот за „УОЛ”.
Фабињо имаше 230 натпревари со тимот на Монако пред да се приклучи на англискиот гигант оваа сезона.
Треба да знаете
Последни објави