Search

УЈП бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти

Управата за јавни приходи (УЈП) бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти. Намалување има речиси кај сите даноци, освен кај данокот на личен доход кај кој има повисока наплата од 1,8 проценти споредено со јуни 2019 година.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање информира дека вкупниот даночен приход во јуни изнесува 5.240.928.514 денари.

Намалување од 17,3 проценти има кај данокот на добивка што, според Лукаревска, можеби се должи на предвремената наплата на овој данок од страна на одредени даночни обврзници.

– Намалувањето произлегува од пониската наплата на месечните аконтации на данокот на добивка што може да е резултат на предвремените уплати на месечните даночни биланси кај определен број на даночни обврзници, рече Лукаревска.

Одредено намалување има и кај данокот на додадена вредност, односно нето приходот е намален за 7,5 проценти, а бруто приходот за 1,7 проценти во споредба со јуни лани.

Треба да знаете
Последни објави