Search

Уште 217 лица во самоизолација, 17 приведени за време на полицискиот час

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (31.03/01.04) на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале  изјава  за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е  дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во  својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење,    приведени се 17 лица , а за останатите лица се изготвени записници.

 

 

Треба да знаете
Последни објави