Search

Уште тројца црногорски државјани уапсени за шверц на кокаин

Тројца државјани на Црна Гора беа уапсени под сомнение дека учествувале во обид за шверц на над 16 тони кокаин, кој е запленет на товарен брод во Филаделфија.

Уапсени се морнари од Котор, Б.М. (37), АК (25) и Н.И. (39).

Сите тројца биле членови на екипажот на бродот МСЦ Гајан, во сопственост на една швајцарска компанија, на кој беа пронајдени десетици пакети кокаин. Покрај нив, пред два дена, беше уапсен и нивниот пријател Лаули Пулу.

Новите апсења уследиле по сослушувањето на двајца членови на екипажот уапсени веднаш по запленувањето на наркотици.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на повеќе од една милијарда евра. Ова е една од најголемите заплени на дрога во историјата на САД. Американскиот обвинител Вилијам Мексвајн изјави дека толкаво количество кокаин може да убие милиони луѓе. 

Треба да знаете
Последни објави