Search

Уште тројца починати од коронавирус, двајца во Тетово, еден во Кочани

Три лица ноќеска починаа од компликации предизвикани од вирусот Ковид-19, дознава Алсат.

Едниот од починатите е од Кочани, а двајца се од Тетово. Со ова, вкупниот број на починати во земјава од коронавирусот се искачи на 21.

Кризниот штаб при општина Тетово денеска информираше дека починале двајца граѓани, жители на градот кои претходно биле заразени со коронавирусот, со што бројката на смртни случаи со претходниот од Пирок, општина Боговиње се искачи на три.

Воедно од тестовите направени од Институтот за јавно здравје, евидентиран е еден нов случај на заболен од КОВИД-19, или вкупно 30 лица со коронавирус.

– И понатаму најмногу заразени има во општина Тетово, сега 17, (2 починати), 5 во општина Теарце, 4 во општина Брвеница, 2 во општина Боговиње (1 починат), 1 во општина Желино и едно лице кое од државниот карантин на Попова Шапка е пренесено во родниот Радовиш, информираат од тетовскиот кризен штаб.

Од тетовските рурални локални самоуправи само во општина Јегуновце засега нема евидентирано заболен од КОВИД-19.

Веста за смртта на кочанецот е потврдена од Општина Кочани, пренесе „360степени“.

Станува збор за првиот заразен во Кочани, на возраст од 40 години. Во овој град досега беа откриени вкупно 14 заразени.

Треба да знаете
Последни објави