Search

Уште тројца кумановски медицинари позитивни на Ковид19, во МВР досега12 заразени

Тројца ново заразени медицински работници со Ковид- 19 во Куманово, потврди за Алфа директорот на Центар за јавно здравје, Ариф Љатифи.

Еден од Заразените работел во Здравствениот дом за домашна посета. Другиот заразен е лекар од одделението за ОРЛ. А третиот лекар е од Крива Паланка. Љатифи информира дека во текот на денешниот ден на овие лица ќе им бидат направени епидемиолошка анкета за да се утврди со кого биле во контакт.

Со овие три случаи вкупниот број на заразени здравствени работници се искачи на најмалку 55.

Според Алсат-М, пак, Во МВР досега се регистрирани вкупно 12 случаи на заболени од вирусот Ковид-19. Од министерството има 45 лица во самоизолација и 7 во изолација.

Треба да знаете
Последни објави