Search

Уште еднo писмo-бомба во Холандија, но полицијата беше побрза

Холандската полиција денес пронајде и деактивира уште едно писмo-бомба што пристигна во канцеларијата на ИТ-компанија во близина на Утрехт.

Тоа е компанијата „Унисис“ од Лозден и таа е последната во земјата во која е испратено писмо-бомба.

Како и вчера, изнудувањето е мотив за испраќање на писмото, објави „Ројтерс“.

Во две пошти во Холандија вчера имало експлозии и во двата случаи станувало збор за писмо-бомба.

Никој не е повреден во експлозиите.

Треба да знаете
Последни објави