Search

Уште едно намалување на бројот новозаразени со коронавирусот во Словенија

Словенечките Влада на редовната прес конференција објави дека во државата се потврдени 26 новозаразени со коронавирусот што претставува уште едно дневно намалување.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие 26 нови вкупниот број заразени со коронавирусот во Словенија сега изнесува 756.

Ова претставува уште едно намалување на бројот на новозаразените, бидејќи пред три дена беа пријавени 70 нови случаи, пред два 52 случаи, а вчера 46.

Нови смртни случаи нема.

Во изминатите 24 часа се направени вкупно 569 тестирања. Бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19 е 115, од кои 28 се на одделот за интензивна нега.

Треба да знаете
Последни објави