Search

Уште едно дете почина во американски притвор за мигранти

Осумгодишно момче од Гватемала почина во американски притвор за мигранти, соопшти денеска американската Агенција за царина и погранична заштита, наведувајќи дека ова е втор смртен случај на дете мигрант во притвор месецов.

Како што е наведено, детето во понеделникот наутро покажувало знаци на потенцијална болест и заедно со татко му било префрлено во Аламогордо, Ново Мексико, каде му биле дијагностицирани настинка и треска.

На детето му било препорачано да пие амоксицилин и бруфен, но вечерта било вратено во болница со повраќање и мачнина и после неколку часа починало.

Агенцијата наведе дека причината за смртта се уште не е утврдена.

Претходно месецов во притвор почина седумгодишно девојче, исто така од Гватемала, откако била фатена на граница.

Треба да знаете
Последни објави