Search

Уште едно бебе почина од морбили, трет случај за три дена

Министерството за здравство јави за уште една жртва на мали сипаници, со што во период од неколку дена починаа три бебиња.

Синоќа починало 13-месечно бебе од тетовскиот регион, кое претходно не било вакцинирано.

Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето и упати апел до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината.

Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници кое имало компликација на белите дробови.

Треба да знаете
Последни објави