Search

Уште еден јужнокорејски политичар си ја избричи главата во знак на протест

Заменик-портпаролот на парламентот на Јужна Кореја се придружи на групата политичари кои ги избричија главите во знак на протест поради изборот на нов министер за правда, чие семејство се истражува под обвиненија за малверзација.

Претседателот Мун Џае-ин го назначи новиот министер Чо Кук на 9 септември по неколкунеделни протести и дебата во парламентот околу медиумските шпекулации дека неговата ќерка неправедно добила повластен третман на универзитетот.

„Јасно е дека Чо Кук не може да биде водач на реформите. Тој треба да поднесе оставка веднаш и да се испита случајот“, рече заменик-портпаролот на парламентот, Ли Џу Јанг,  пред претседателската Сина куќа, каде што јавно ја избричи главата.

Треба да знаете
Последни објави