Search

Уште еден мигрант скокна во море од „Опен армс” близу италијанскиот брег

Уште еден мигрант е спасен откако скокнал во море од бродот „Опен Армс” во близина на Италија, која веќе 19 дена не му дозволува на шпанскиот хуманитарен брод да се закотви во некое нивно пристаниште.

Ситуацијата на бродот, на која се наоѓаат над 100 мигранти, хуманитарците ја опишуваат како „полна очај”, наведувајќи дека мажот се фрлил во вода во обид да стаса до копното, а истовремено една жена добила паничен напад.

Капетанот на бродот претходно ги извести италијанските власти дека 17-члениот екипаж веќе не може да ја контролира ситуацијата на бродот и да ги спречува тепачките меѓу фрустрираните мигранти.

Треба да знаете
Последни објави