Search

Уште две лица уапсени поради смртта на 39 мигранти во камион ладилник

Уште две лица уапсени за камионот во кој беа пронајдени 39 тела. Станува збор за маж и жена на возраст од 38 години, кои се уапсени во врска со смртта на 39 лица, според полицијата на Есекс.

Тие беа уапсени во Ворингтон во северна Англија под сомнение за трговија со луѓе и убиство, соопштија надлежните.

25-годишниот возач на камион во Северна Ирска останува во притвор под сомнение за убиство, додаде полицијата. 39 кинески мигранти беа пронајдени мртви во приколката ладилник на камион во Англија, што е еден од најтрагичните случаи на трговија со луѓе во оваа земја.

Во камионот, управуван од Мо Робинсон, 25-годишник од Северна Ирска, имало трупови од 38 возрасни лица и еден тинејџер, сите од кинеска националност, кои тргнале по подобар живот во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави