Search

Нови 150 починати од Ковид-19, меѓу нив уште двајца лекари

Уште двајца лекари во Кина, на возраст од 42 и 55 години, починале од коронавирусот.

Тие се заразиле со вирусот додека лекувале пациенти во болниците во провинциите Хубеи и Хаинан, пренесува Си-Ен-Ен. Досега во Кина од коронавирусот починаа најмалку десет лекари и здравствени работници починале.Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако се појави вирусот и дека 409 луѓе се заразиле со вирусот.

Од новиот коронавирус, според последните податоци, досега починаа 2.619 лица, а заразени се повеќе од 79.000.

Надвор од границите на Кина потврдени се 27 смртни случаи, од кои најмногу – осум во Иран и седум во Јужна Кореја, пренесува Си-Ен-Ен.

Досега се излекувани 24.000 лица.

Надвор од границите на Азија, најмногу заболени има во Италија – 152, каде што се регистрирани и три смртни случаи.

Поради вирусот, наречен Ковид-19, во Јужна Кореја е одложен почетокот на учебната година, а до крајот на март прекинати се авио-линиите од и кон градот Дегу, каде што е забележан најголем број случаи на заразени.

Треба да знаете
Последни објави