Search

Учителот во Њу Џерси доби отказ откако на децата им рекол дека не постои Дедо Мраз

Учител на замена, кој им предавал на првачиња во американскиот град Њу Џерси доби отказ откако на децата им рекол дека не постои Дедо Мраз.

Тој на учениците од „Сидер Хилс” им рекол дека, исто така, се измислени и Велгденскиот зајак и Вилата за заби.

Окружната школска началничка Рене Ровтар потврди дека неименуваниот учител веќе не работи во тоа училиште. Таа истакна дека ја разбира важноста на „детското чудење и фантазија”, па на Твитер постави фотографија со Дедо Мраз, со порака: Јас верувам.

Треба да знаете
Последни објави