Search

Учителка го уништи роденденот на својата ученичка и заврши во затвор

Uчителката на замена му се налути на директорот на училиштето, па одлучи да му се одмазди така што на масите и скарата подготвена за неговата забава стави човечки измет, пишува „Њујорк пост“.

Хедер Карпентер од Флорида беше уапсена откако во знак на одмазда за приговорот што го доби од директорот, влезе во павилјонот резервиран за прославата на роденденот на неговата шестгодишна ќерка, и од сите страни го посипа со фекалии.

Според „Њујорк пост“, сведоците ја виделе како носејќи гумени ракавици и маска за лице ги остава „своите подароците“ на масите и скарата.

Директорот пријави сè во полиција, објаснувајќи дека е во кавга со учителката која предава во одделението на неговата ќерка. Кога полицијата се појави на нејзината врата, 42-годишната учителка веднаш признала дека сакала да се одмазди.

Таа беше уапсена на почетокот на декември, а следниот ден беше ослободена со кауција од  2 000 евра.

Треба да знаете
Последни објави