Search

Ученици со попреченост од средните училишта во Скопје ќе добиваат стипендии

Дваесетипет ученици со попреченост од средните училишта на Град Скопје ќе добиваат стипендии во текот на 9 месеци, а висината на стипендијата е 3.000 денари нето износ.Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели стипендии за овие ученици од прва до четврта година.

,,Градот ги препознава потребите на средношколците и последниве две години ангажираше и образовни асистенти, коишто евидентно им помогнаа на учениците со попреченост во совладувањето на наставната програма.Огласот со критериумите ќе се објави во понеделник, 16.09.2019 година, а апликациите коишто ќе пристигнат во архивата на Град Скопје ќе ги разгледува комисија.По воведувањето на праксата за доделување на стипендиите за средношколците спортисти, Градот Скопје за првпат доделува и стипендии за учениците со попреченост”, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави