Search

Ученици од Бутел ја воодушевија публиката настапувајќи на фестивалот за глума во Словенија

Ученици од скопската општина Бутел, минатата недела ја воодушевија публиката настапувајќи на фестивалот за глума на ученици во Словенија. Станува збор за 23-ти фестивал на глума под покровителство на УНЕСКО. Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски вели дека екипата на ова училиште составена од пет деца аматери била единствена не само по настапот туку и по сценските ефекти.

– Тоа беше дружење на децата, меѓусебно запознавање, но и запознавање на една друга култура бидејќи беа сместени во домовите на децата од Словенија. По пат бевме и во Кушевац каде бевме гости и на друго училиште „Драгомир Марковиќ“ со кое допрва треба да се случи соработка- вели Смилевски. Тој е презадоволен од настапот на децата.

-Децата се ученици во основното училиште Ацо Шопов, а по покана на училиштето Леон Штукер, учествуваа на фестивалот и ја изведоа драмата „Моја тајна”. Учениците покрај глума, учествуваа и во спортски натпревари каде што освоија прво место и добија посебни пофалници за во три дисциплини- вели Смилевски.

Тие по успешниот настан биле и на свечен прием, кој Амбасадата на Северна Македонија која го приредила специјално за нив. Учениците на Амбасадорката Сузана Зеленковска и дадоа рачно изработени подароци.

Престојот на петте ученици во Словенија финансиски го поддржала Општина Бутел. Смилевски за крајот на јуни и почетокот на јули најавува учество на ликовната колонија која ја организира општина Бутел.

– Идејата ми е сите училишта од општина Бутел да учествуваат на колонијата но и да има деца од сите збратимени училишта од бивша Југославија. Системот за сместување ќе биде ист- вели Смилевски.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави