Search

Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од населба Драчево го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Вчера учениците од ООУ „Рајко Жинзифов” од Кисела Вода со повеќе активности го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Училишниот дефектолог, Адријана Кукоска за учениците од III, IV и V одделение организираше работилници за надминување на предрасудите и поголемо прифаќање на атипичните лица.

Во рамки на училишниот проект „Убавините  на  различностите”, децата изработија новогодишни елки со пораки, а беше прочитан и реферат за подигнување на јавната свест за лицата со попреченост.

Покрај ова, учениците од VI до IX одделение промовираа и збирка на лични творби „Убавините на различностите – различни сме, но сепак исти”.

На крајот секое дете доби подарок збирка творби и креативна изработка.

Треба да знаете
Последни објави